Добро пожаловать
Вход / Создать Плейлист

Dave's Kitchen - Испробан рецепт за Макарунс I Подгответе ги дома во само неколку чекори

Популярное

Спасибо! Поделитесь с друзьями!

URL

Вам не понравилось видео. Спасибо за то что поделились своим мнением!

Sorry, only registred users can create playlists.
URL


Добавлено by Admin В рецепты для микроволновки
88 Просмотры

Описание

Доколку ги следите сите чекори и моите совети во ова видео на крајот ќе уживате во крцкавиот вкус на ова деликатно колаче.
Плус, ќе го споделам и мојот трик за супер егзотичен фил на овие колачиња.

Не заборавајте да ставите SUBSCRIBE на мојот You Tube канал, и да ги заследите моите профили на социјалните медиуми:

INSTAGRAM - https://bit.ly/2UjKnEO
FACEBOOK - https://bit.ly/2MP2L7A
YOUTUBE - https://bit.ly/2M8nX8X

Потребни состојки:

3 белки, на собна температура
70 г шеќер во прав
100 г брашно од бадеми (200-250 г бадеми измелени ситно и пресеани низ сито за да добиете 100 г брашно од бадеми)
150 г шеќер во прав
чоколаден крем со лешници
џем од малина

За почеток, многу е важно да работите со белки кои се на собна температура. На овој начин белките ќе се изматат подобро и ќе бидат поцвсти, што е многу важно за подготовката на овој рецепт.
Во сад ставете ги белките и започнете да матите со миксерот. Кога ќе се формира почетната пена, време е постепено да го додавате шеќерот во прав.
Матете додека не добиете цврсто изматен снег од белки – околу 10-тина минути.
Следниот чекор е многу важен, а тоа е да користите брашно од бадеми.
Знам дека е тешко да се најде купечко брашно од бадеми, но јас ќе ви покажам како да подготвите сами!
Во сецко или блендер ставете 200-300 бадеми и пулсирајте неколку пати додека не добиете ситни трошки.
Добиената смеса просејте ја низ сито. На овој начин ќе имате чисто и ситно брашно од бадеми.
Лично јас препорачувам да се просеат бадемите два пати, за во случај да не останале некои крупни парчиња во смесата.
Откако ќе го просеете брашното, просејте го уште еднаш заедно со шеќерот во прав.
Добиената смеса ставете ја во изматените белки.
Овој чекор е многу важен! Не треба да ја премешате смесата.
Внимателно со помош на шпатула промешајте, внимавајќи да не ја премешате смесата. Потребно е да остане воздушеста. Веднаш штом видите дека белките и брашното од бадеми се соединуваат додајте ја посакуваната боја за Вашите макаронс.
Денеска јас ќе Ви покажам неколку бои, па смесата ќе ја поделам на три еднакви дела. Во секој сад ќе ставам од бојата и ќе промешам внимателно за да се соедини целата смеса.
Кога веќе ќе ја добиете потребната конзистенција, а таа треба да изгледа вака префрлете ја во готварски шприц.
Со ножици пресечете го долниот дел на готварскиот шприц за да може да ги оформите колачињата.
Обложете тавче со хартија за печење и оформете ги колачињата.
Откако ќе ги оформите колачињата, потребно е да го мавнете тавчето од работната површина.
На овој начин, непотребниот воздух од секое колаче ќе се ослободи и ќе излезе на површината.
Еден од најважните чекори при подготовката на овие колачиња е да се исушат пред да се печат. И овој чекор не смеете да го пропуштите.
Оставете ги тавчињата со колачите на проветрено место околу 40-60 минути. Ќе знаете дека се спремни за печење кога нежно ќе поминете со прстот и нема да ви пропадне во нив.
Загрејте ја рерната на 140 степени и печете ги точно 12 до максимум 15 минути.
Оставете да се изладат во тавчето комплетно!
Конечно ги подготвивме овие колачиња. Знам, навистина се малку деликатни за подготовка, но со крајниот резултат ќе се исплати трудот.
Откако комплетно ќе се изладат колачињата, тоа значи дека се спремни за филување.
Денеска јас користам одлична комбинација на чоколадо, лешници и малина.
Во готварски шприц префрлете чоколаден крем со лешници, а во друг џем од малина.
Земете едно колаче и на краевите направете прстен од чоколадниот крем, во средишниот дел ставете малку од џемот од малина и поклопете со друго колаче.

Со шолја кафе или бело вино, овие колачиња се вистинско уживање!
Многу е важно да не се плашите да ги подготвите. Со моите совети нема никаде да погрешите.
Спремете ги потребните состојки и започнете со подготовката. Со нетрпение ги очекувам Вашите фотографии.
За многу вкусни и креативни рецепти како овој не заборавајте да ставите Subscribe на мојот YouTube канал.
Јас одам да уживам во овие превкусни колачиња, а ние се гледаме наскоро со ново видео.

Забавно готвење до следниот пат!

Написать комментарий

Комментарии

Комментариев нет. Будьте первым кто оставит комментарий.
RSS